Апликација за Туристички кредит
Туристички Кредит
Туристичкиот кредит е безкаматен потрошувачки кредит наменет за покривање на трошоци поврзани со патувања. Ова вклучува патнички трошоци за аранжмани преку ЈК Травел или Минт Травел.
Нашиот туристички кредит е создаден за сите кои сакаат да си го остварат сонот за патување, одмор или авантура без да чекаат. Со износи до 60.000 денари и рок на отплата од 2 до 10 месеци, овој кредит ви овозможува да уживате сега, а да отплаќате подоцна.
Предности на Туристичкиот кредит
- Достапност - Брза и едноставна апликација, без долга документација.
- Флексибилност - Износот и рокот на отплата се прилагодуваат на вашите можности.
- Брза исплата - Одобрување во најкус можен рок и исплата директно на вашата сметка.
- Транспарентност - Јасни услови и фиксна рата – секогаш знаете колку враќате.
- Сигурност - Финансиска поддршка од доверлив партнер.
- Директна соработка со туристички агенции - Аранжмани и патувања кои се во рамките на организација на ЈК Травел или Минт Травел.
Кој може да аплицира за Туристички кредит
- Лица на возраст од 18 до 75 години.
- Вработени со редовни месечни приходи.
- Државјани на Република Северна Македонија со важечка лична карта.
Како да аплицирате за Туристички Кредит?
Процесот за аплицирање за нашиот туристички кредит е дизајниран да биде брз, едноставен и целосно дигитален:
- Изберете го нашиот Туристички кредит како решение за вашиот одмор или патување.
- Изберете го износот и рокот на отплата кој најмногу ви одговара.
- Поднесете ја онлајн апликацијата – процесот трае само неколку минути.
- Добијте брза одлука без долго чекање.
- Потпишете договор и уживајте во вашето патување.
Најчесто Поставувани Прашања
За кого е наменет туристичкиот кредит?
Туристичкиот кредит е идеален за сите што сакаат да патуваат - без разлика дали станува збор за летен одмор, зимување, романтично патување, семејна авантура или друг тип на патување.
Кој е најголемиот бенефит на Туристичкиот кредит од Минт Кредит?
Најголемиот бенефит е комбинацијата од брзина, едноставност и краткорочна отплата. Со максимален износ до 60.000 денари и рок од само 2 до 10 месеци, овој кредит е практично решение за туристички трошоци без долготрајни обврски.
Може ли да аплицирам за Туристички кредит ако сум самовработен или имам сопствен бизнис?
Да, аплицирањето е можно и за лица кои имаат сопствен бизнис или работат како самовработени. Потребно е само да покажете доказ за редовни приходи (како потврда од банка или даночна пријава). Доколку имате стабилни приходи и добра кредитна историја, апликацијата може да биде успешно одобрена.


