Апликација за Минт кредит

    Податоци за Кредитот

    Месечна Рата :

    СВТ %:

    Камата :

    Провизија :

    Вкупно за Враќање:
    Податоци за Клиентот

    Минт Кредит

    Минт Кредит е современ финансиски производ создаден да обезбеди брзо, едноставно и транспарентно решение кога ви се потребни дополнителни средства. Овој потрошувачки кредит нуди износи од 3.000 до 300.000 денари и рок на отплата од 2 до 60 месеци.

    Со Минт Кредит можете сами да го изберете износот и рокот на отплата, а системот веднаш ќе ви ја прикаже месечната рата и вкупната обврска за враќање. На тој начин секогаш знаете точно колку враќате, без непријатни изненадувања.

     

    Предности на Минт Кредит

    • Лесна достапност - Апликацијата се поднесува целосно онлајн, без непотребна хартија и долг процес, а одлуката ја добивате за многу кратко време.
    • Транспарентност - Системот уште при аплицирањето ви ја прикажува месечната рата и вкупната обврска за враќање.
    • Флексибилност - Вие го бирате износот и рокот на отплата, прилагодено на вашите можности и потреби.
    • Градење на кредитна историја - Со редовна отплата градите позитивна кредитна историја, што може да ви помогне при идни апликации за кредити.
    • Сигурност и доверба - Минт Кредит е создаден со цел да нуди јасни и фер услови, без непријатни изненадувања.
    • Брза исплата - Одобрување и исплата директно на вашата сметка во најкраток можен рок.

     

    Кој може да аплицира за Минт Кредит?

    Минт Кредит е достапен за широк спектар на клиенти, но постојат неколку основни критериуми:

     

    • Лица на возраст од 18 до 75 години.
    • Да имате важечка основна идентификациска документација (лична карта или пасош)
    • Државјани или лица со доказ за легален престој во Република Северна Македонија.

     

    Како да аплицирате за Минт Кредит?

    Нашиот процес е дизајниран да биде брз, едноставен и целосно дигитален:

     

    1. Изберете Минт Кредит – како сигурно и транспарентно решение за вашите потреби.
    2. Изберете го износот - кој ви е потребен и рокот на отплата.
    3. Поднесете ја онлајн апликацијата – процесот трае само неколку минути.
    4. Добијте одлука брзо и без чекање – во најкус можен рок ќе бидете информирани за статусот.
    5. Потпишете договор и добијте ги средствата – едноставно, без компликации и со јасни услови.

     

    Најчесто Поставувани Прашања 

     

    Кој е минималниот и максималниот износ на Минт кредитот?

    Минт Кредит нуди износи од 3.000 до 300.000 денари, прилагодени на вашите потреби и финансиски можности.

     

    Колку време трае процесот на одобрување?

    Апликацијата е целосно онлајн и одлуката ја добивате во најкусо можно време откако вашата апликација е превземена од еден од нашите агенти.  

     

    Како се исплаќаат средствата?

    По одобрување и потпишување на договорот, средствата се префрлаат директно на вашата сметка.