Брзите кредити се ефикасно и практично решение за секој што се соочува со непредвидени финансиски трошоци. Иако често се зборува за едноставниот и брз процес на апликација, не секоја апликација значи одобрен кредит. Причината која што стои зад ваквото одбивање е лошата финансиска историја на кредитобарателот, па затоа има неколку работи кои треба да ги знаете околу тоа како да ги зголемите шансите за одобрување на брз кредит.
Во продолжение, ќе ги разгледаме условите дадени од страна на финансиските друштва и опциите за подобрување на финансиската состојба со цел поголеми шанси за одобрување брз кредит.
Како услов за одобрување на заем или кредит, секој кредитодавател го наведува кредитниот рејтинг или кредитната историја на апликантот. Лицата кои имаат одговорна кредитна историја имаат поголем потенцијал за одобрување на кредит.
Додека пак, оние со низок кредитен рејтинг спаѓаат во ризичната категорија и често може да се случи да нивната апликација за кредит биде одбиена. Заради тоа, секој одговорен потег кон градење одговорна финансиска состојба може да го подобри финансискиот рејтинг и да ги зголеми шансите за добивање кредит.
Што тоа значи? Навремено затворање на веќе постоечки долгови со Минт кредит за рефинансирање, како и организирано финансиско планирање на приходи и трошоци може да допринесе до поголема финансиска стабилност.
Иако овој процес може да потрае од неколку месеци до неколку години, правилна стратегија и дисциплина сепак може да се постигне. Многу финансиски друштва нудат поволни супер брзи кредити за секого, но нискиот кредитен рејтинг може да донесе повисоки камати.
За да се најде заедничко решение, секој кредитобарател со низок кредитен рејтинг би требало да ги имплементира следните навики:
Доколку финансиската итност е поголема од времето предвидено за подобрување на кредитната историја, кредитобарателот може да се обрати на финансиски друштва кои нудат брзи кредити за лица со низок кредитен рејтинг.
За да добиете брз кредит без кредитна историја, најчесто треба да имате ко-потпишувач, односно жирант, или да оставите залог. Со ова, заемодавачот се осигура дека доколку не можите Вие, Вашиот долг ќе го подмири друг или ќе биде наплатено преку одземање на залогот.
Исто така, постојат финансиски друштва кои може да дадат брзи кредити неземајќи ја во предвид кредитната историја, но каматните стапки може да бидат и енормно високи. Доколку го изберете овај начин, бидете свесни дека ова може да биде уште една причина за вашиот низок кредитен рејтинг и лоша финансиска состојба.
Во одредени случаеви, нискиот кредитен рејтинг не претставува пречка за одредено лице да добие брз кредит. Сепак, доколку се трудите да научите како да ги зголемите шансите за одобрување на брз кредит, треба да поработите на подобрување на кредитниот рејтинг и целокупната финансиска состојба.
Со ова, не само што ќе ги подобрите шансите за добивање кредит, туку ќе го добиете истиот со многу поповолни услови и пониски каматни стапки. Водењето на одговорна финансиска организација и евиденција е секогаш во ваша полза!