Апликација за Промо кредит
Промо кредит
Промо кредитот е еден од најповолните потрошувачки кредити достапен преку Минт Кредит за сите ваши финансиски потреби. Со износи од 60.000 до 1.000.000 денари и фиксна годишна каматна стапка од само 7%, добивате стабилност, предвидливост и сигурност.
Промо кредитот исто така нуди и флексибилна отплатата – од 12 до 84 месеци (до 7 години), според вашите финансиски можности.
Предности на Промо Кредитот
- Јасни и непроменливи услови.
- Флексибилни рокови на отплата - Од 12 до 84 месеци (до 7 години).
- Едноставна и брза процедура - Апликацијата можете да ја пополните онлајн или директно во една од нашите филијали.
- Најповолна фиксна камата - Само 7% годишна фиксна каматна стапка.
- Брза исплата - Одобрување и исплата директно на вашата сметка во најкраток можен рок.
Кој може да аплицира за Промо Кредит?
Промо кредитот е достапен за широк спектар на клиенти, но постојат неколку основни критериуми:
- Лица на возраст од 18 до 75 години.
- Лица со постојано вработување или редовни приходи (вклучувајќи и други извори надвор од работен однос).
- Лица со добра кредитна историја.
- Државјани или лица со доказ за легален престој во Република Северна Македонија.
Како да аплицирате за Промо Кредит?
- Oдберете го Промо кредитот
- Изберете го износот на кредитот за кој аплицирате и рокот на отплата.
- Пополнете ја апликацијата со вашите податоци.
- Поднесете ја апликацијата
- Од моментот на поднесување, добивате повратна информација во најкратко можно време.
Најчесто Поставувани Прашања
Зошто да го изберам Промо кредитот наместо обичен потрошувачки кредит?
Промо кредитот е создаден како специјална понуда со најповолните услови на пазарот. Главната предност е фиксната годишна каматна стапка што значи дека вашата месечна рата останува иста во текот на целиот период на отплата.
Кои документи ми се потребни за да аплицирам и колку време трае постапката?
За аплицирање ви е потребна само важечка лична карта или пасош. Дополнително, се разгледуваат вашите редовни месечни приходи, за да се утврди дали кредитот е прилагоден на вашите можности.
Дали може Промо кредитот да се користи за било која намена?
Да, Промо кредитот е ненаменски, што значи дека средствата можете да ги искористите според вашите лични потреби.


