Без разлика на тоа дали се работи за традиционален или брз кредит, планирањето на буџетот по земањето на кредит е од клучно значење. Во секој случај, кога имате стратегија околу тоа како да го планирате вашиот буџет по земање брз кредит, ќе се осигурате дека долговите ќе ги отплатите на време и ќе избегнете дополнителни финансиски потешкотии.
Во продолжение, ќе разговараме за стратегиите кои ќе ви помогнат околу тоа како да направите добар план за отплата на брз кредит!
Анализата на моменталната финансиска состојба е првиот чекор кој треба да го превземете уште пред да се одлучите за брз кредит. Имајќи предвид времето на отплата и каматата што следи со брзиот кредит би била од голема важност при определувањето на стабилноста на финансиите како пред, така и по отплаќањето на истиот.
Во секој случај, на пазарот се достапни многу различни опции кога се работи за брзи кредити, па така лесно можете да изберете кои се најповолни потрошувачки кредити според вашите потреби и можности.
Откако се одлучите за кредит кој највеќе одговара на вашата финансиска состојба, креирајте го вашиот нов месечен буџет, приоритетизирајте ги долговите, и одлучете коие трошоци би ги одложиле, со цел навремено да се подмират обврските што тоаѓаат со кредитот. Со ова, ќе избегнете задоцнување и плаќање на високи казнени камати.
Кога се одлучуваме за брзи кредити, треба детално да ја разгледаме моменталната финансиска состојба и да направиме анализа на приходите и фиксните месечни трошоци. Груба пресметка на тоа колкав приход влегува во домаќинството и колкав дел од него се одделува за неопходните трошоци во месецот, ќе ни помогне да израчунаме колкав дел би можеле да одделиме за исплата на кредитот.
Споредено со условите за кредит, треба да го знаеме износот на месечните рати, времетраењето на кредитот и каматните стапаки и трошоци што произлегуваат од него.
Се прашувате како да го организирате вашиот финансиски буџет по кредит?
Откако ке ги пресметате приходите, неопходните трошоци, и трошокот за кредит, треба да се креира месечен буџет кој преостанува за варијабилни трошоци и заштеди. Одделете дел од вашиот приход за итни случаеви и непредвидливи трошоци. Тоа ќе ви помогне во избегнување на финансиски потешкотии во периодот додека го отплатите брзиот кредит.
Еднаш направениот буџет ќе ви помогне лесно да ги идентификувате непотребните тошоци. Фокусирајте се на отплаќање на постоечкиот долг и избегнувајте земање на нови кредити – тоа може само дополнително да ја отежни финансиската состојба и да доведе до нови трошоци кои често се повисоки од вообичаените.
Доколку имате во план поголеми трошоци во блиска иднина, направете детален план однапред. Обидете се да заштедите дел од приходите и наменете ги за големите трошоци кои доаѓаат. Ова би било подобра опција одколку земање на нов кредит.
Високите камати и кратките рокови на отплата не секогаш се на страна на кредитобаретлите. Затоа, треба да се има опција која би била од помош доколку наидете на потешкотии околу планирање на буџет по добивање брз кредит. За олеснување на процесот и подобар финансиски план за вас, со калкулатор за кредит од Минт, можете да ги израчунате вашите каматни рати кои треба да ги исплаќате во иднина.
Во вакви случаеви, предлагаме да размислите за дополнителни извори на приход. Доколку истото е возможно, дополнителна работа или хонорар би ви помогнал да го платите кредитот побрзо и да имате повеќе простор во буџетот.
Доколку барањето на дополнителни приходи не е една од опциите во вашиот конкретен случај, контактирјате го кредиторот. Разговарајте за тоа дали е возможно да се најдат нови услови или одложување на плаќањето.
Во краен случај, доколку имате високи камати и казни, размислете за опцијата рефинансирање на кредит од друга банка. Тоа подразбира земање друг кредит со пониска каматна стапка. Иако не звучи како нај ефективно решение, ова би било единствен излез доколку сте во тешка состојба при отплаќање на брзиот кредит.
Се надеваме дека овие стратегии ви помогнаа во донесувањето на одлука околу тоа како да го планирате вашиот буџет по земање брз кредит. Имајте предвид дека брзите кредити имаат пократки рокови на отплата, па затоа елиминирање на трошоците за луксуз и фокусирање на ратите за кредит би биле идеална комбинација за орджување баланс на буџетот.
Со Минт Кредит ќе го најдете најдобриот начин за финансирање зависно од вашите можности и потреби, балансирајќи финансиската состојба пред и по исплаќањето на брз кредит!