Одлуката за аплицирање и подигање на кредит не треба да биде избрзана. Пред да се одлучите на ваков чекор, треба да земете предвид многу фактори, како и еден од најважните – видот на кредит. Постојат повеќе начини како да одредите кој тип на кредит е најдобар за вашите потреби. Дозволете ни да споделиме со вас неколку стручни совети кои ќе ве донесат поблиску до правилната одлука.
Доколку ви се потребни дополнителни финансиски средства, мора да знаете како да одредите кој тип на кредит е најдобар за вашите потреби. Со избирањето на најсоодветниот кредит, вие ќе добиете бројни бенефити вклучувајќи и најповолни услови за подигање и враќање на кредитот.
За да донесете информирана финансиска одлука, потребно е да си ги поставите следните прашања:
Секој одговор на горенаведените прашања ќе ве донесе чекор поблиску до аплицирање за вистинскиот вид на кредит и забрзување на постапката за одобрување.
Кредитите можат да се поделат според повеќе критериуми, од кои еден е намената за којашто ќе се потрошат позајмените финансиски средства. Доколку не знаете како да изберете најдобар тип на кредит за вас, треба да започнете со детерминирање на причината поради која ви се потребни пари.
Финансиските институции нудат различни видови на наменски кредити и сите од нив имаат посебни услови, олеснувачки околности, каматни стапки и бенефити. Најчесто бараните кредити вклучуваат:
За да го изберете видот на кредит којшто ви е потребен, треба да се земе предвив и итноста со која ви се потребни финансиските средства. Доколку ви се потребни пари веднаш, најдобрите брзи кредити се вистинската одлука за вас. Брзите кредити што ги нудиме во МинтКредит се одобруваат за 10 минути и можете да аплицирате за суми до неверојатни 300.000 денари.
Периодот за којшто се подотвени да го исплатите кредитот е важен фактор за определување на вистинскиот тип на кредит. Во понудата на кредити ќе наидете на три видови на кредити според преиодот на отплата:
За да избегнете финансиски потешкотии во иднина, најдобро е да направете проценка на вашата способност за да навремено ги исплаќате месечните рати. Без разлика дали ќе одберете краткорочни или долгорочни кредити, добро пресметајте дали ќе можете да исполнете навремена исплата на месечната рата со вашите редовни месечни примања, но и да имате финансии за секојневните трошоци.
Твојот избор на кредит не треба да биде избрзан и веднаш да ја посегнете по сумата којашто ќе ви биде понудена од финансиските институции. Најчесто, кога аплицирате за кредит, ќе ви биде понуден највисокиот износ којшто може да ви се одобри според вашата кредитна историја и висината на примањата. Но, тоа не значи дека тоа е најдобрата опција бидејќи се препорачува да земете заем онолку колку што вам вистински ви е потребен.
При избор на кредит, важен фактор кој треба да го земете во предвид е видот и висината на каматната стапка. Видот и висината на каматната стапка се важни бидејќи директно влијаат на вкупната сума што ќе ја платите за кредитот и вашата способност да ги исполните обврските за отплата. Доколку ја знаете каматната стапка и износот кој што ќе го подигнувате, со нашиот калкулатор за кредити, можете самите онлајн да ги израчунате.
Доколку сакате да донесете информирана одлука, треба да знаете како типот на камата (варијабилна и фиксна) ќе влијае врз вашите месечни рати и вкупниот трошок за кредитот.
Сега кога знаете како да одредите кој тип на кредит е најдобар за вашите потреби, вие сте подготвени да аплицирате онлајн или пак да посетите една од нашите филијали. Доколку ви е потребна дополнителна помош, нашите финансиски експерти се подготвени да ви го понудат најсоодветниот кредит за вас.