

Ви се случува платата да „исчезне“ уште пред да стигне средината на месецот?
Не сте сами. Денес, повеќе од кога било, сите бараме начин како да ја задржиме контролата врз сопствените финансии и да создадеме сигурност. Добрата вест е дека октомври е “месец на штедење” – совршена можност да започнете со мали чекори кои носат големи резултати.
А како да почнете? Со едноставното, но моќно 50/30/20 правило, кое ке го објасниме во продолжение. Во Минт Кредит сме посветени на финансиската едукација и сме тука да ви помогнеме вашиот пат до финансиска слобода да биде побрз, поедноставен и попаметен!
Ова е метод за буџетирање кој може да помогне со ефикасно и одржливо управување со личните финансии. Основното правило на овој метод е класифкацијата на месечниот приход во три категории:
Идејата е јасна – кога секој трошок има своја категорија, лесно знаете каде одат парите и колку можете да си дозволите за задоволства, без да ја загрозите вашата финансиска иднина.
50/30/20 правилото не е магија – тоа е структура. Со него не мора да се откажувате од задоволствата, туку да ги поставите во рамки. Еве како на пример би изледало правилото во пракса:
Избалансирата класификација на трошоци во овие три категории е првиот чекор што ве води кон нивно ефикасно следење а истовремено ви помага да изградите финансиска стабилност.
Познат како месец на штедење, Октомври е одлична прилика да започнете свежо. Додека сите зборуваат за штедење, вие може да ја направите првата вистинска промена. Веќе по еден месец ќе видите колку полесно е да ги контролирате вашите пари. А кога ќе се појави изненаден трошок, тука е Минт Кредит – да ви даде брза финансиска поддршка, без хартија, без чекање, без скриени трошоци.
Во Минт Кредит, знаеме дека вистинската моќ е во тоа да ги искористите парите мудро – а не само да ги имате. Затоа со нас добивате:
Со нас, вашиот буџет останува стабилен, а вие мирни дека имате сигурна поддршка кога најмногу ви треба.
Не мора да правите драстични промени за да изградите финансиска сигурност. Доволни се мали чекори и паметна стратегија како правилото 50/30/20 . А за сите моменти кога животот ќе ве изненади – не заборавајте: Минт Кредит е тука за вас.
Бидејќи во Минт Кредит, како финансиски одговорна компанија, значителен дел од работата со клиенти ја посветуваме на финансиската едукација за да не се доведат во состојба на презадолженост. Започнете со вашите „мали чекори“ уште овој месец на штедење.