Кредитниот калкулатор е алатка која овозможува пресметка на месечните рати на кредитот и целосниот износ што треба да се врати. За да се направи оваа пресметка, кредитниот калкулатор користи основни информации за кредитот, односно:

  • Износ на заемот
  • Годишниот процент на камата
  • Периодот на отплата

Внесените податоци ќе бидат обработени и за истите ќе биде изработен и амортизационен план, односно приказ на износот од месечната рата кој се користи за отплата на главницата и делот со кој се плаќа каматата за познајмениот износ.

mint-krediten-kalkulator

Предности од Користење на Кредитен Калкулатор

Прецизно планирање на буџет и вкупен трошок 

Кредитниот калкуалтор ќе ви помогне да видете колкав дел од вашиот месечен буџет треба да одделите за плаќање на позајмицата со пресметаната камата. Ова ќе ви овозможи полесно планирање на месечните трошоци.

Ваквиот калкулатор е од особена важност за сите оние кои сакаат подобро да го разберат вкупниот трошок, односно колку би било потребно да се плати на крајот од периодот на отплата.

Споредба на понуди од различни финансиски институции

Оваа алатка може да ви помогне во донесување на правилниот избор кога станува забор за одбирање на финансиска институција од која сакате да земете кредит. Користете го овој калкулатор за да споредите различни понуди, како и различни каматни стапки и периоди на отплата.

Брза и лесна употреба

Брзата и лесна употреба на ваквиот калкулатор за кредит се должи на неговата онлајн достапност. Со тоа, оваа алатка можете да ја користите било кога и било каде – без потреба од комплексни пресметки.

Како да ги Толкувате Резултатите?

  • Месечна рата – износот кој треба да го плаќате секој месец со пресметана камата. Доколку овој износ ви изгледа превисок за вашиот буџет, размислете за подолг период на отплата или помал износ на кредит.
  • Вкупна камата или вкупен износ на камати – вкупната сума на камата која треба да ја платите за целиот период на кредитот. Ова би било трошокот за позајмениот износ кој го плаќате на предитодавателот за извршената услуга, ондосно позајмувањето на финансиски средства. Доколку сметате дека овој износ е висок, може да изберете предвремена отпплата или пократок период на отплата.
  • Вкупен износ на кредитот – збир од износот на кредитот и вкупните камати. Оваа сума ќе треба да ја платите на крајот од периодот на отплата.

Доколку наидете на нејаснотии при толкување на поимите и резултатите од кредитниот калкулатор, контактирајте не или посетете некоја од нашите филијали низ земјата.

Кога да го Користите Кредитниот Калкулатор?

Кредитниот калкулатор е достапен во било кое време и можете да го искористите тогаш кога вам ви е потребно. Најчесто, кредитниот калкулатор се користи:

  • Пред аплицирање за кредит – за да видите како различни услови би влијаеле врз месечните рати и вкупниот долг.
  • При споредба на понуди од различни финансиски институции – кога донесувате одлука од која банка или финансиско друштво да подигнете кредит. Во овој случај, кредитниот калкулатор ќе ви помогне да го изберете кредитот и институцаијата кои највеќе одговараат на вашите потреби и можности.
  • Планирање на отплата – во случај кога веќе имате кредит, овој колкулатор ќе ви помогне да одлучите дали да планирате предвремена отплата и како промената на каматната стапка би влијаела на вашите плаќања.
Кога да го Користите Кредитниот Калкулатор

Сликата е превземена од: freepik.com

Најчесто Поставувани Прашања

Колку се точни резултатите од кредитниот калкулатор?

Резултатите од кредитниот калкулатор се приближни и служат само како водич. Кредитниот калкулатор не пресметува такси и други трошоци бидејќи истите се индивидуални и се разликуваат од кредит до кредит. За точни бројки и податоци, најдобро е да ја конткатирате финансиската институција од која планирате или веќе сте подигнале кредит.

Може ли да користам кредитен калкулатор за различни валути?

Повеќето калкулатори се поставени за користење во една валута. За пресметки во различни валути, ќе треба да користите специјализирани калкулатори или да ги конвертирате валутите според моменталната пазарна вредност.