Кредит за рефинансирање
Кредит за рефинансирање е заем, односно, финансиски производ наменет за затворање на веќе постоечки кредит, со цел да се добијат подобри услови. Со кредитот за рефинансирање, можете да консолидирате и повеќе кредити во еднo или да замените постоечки кредит со нов. Исто така, овој тип на кредит може да послужи и за рефинансирање на кредит од друга банка.
Во тој случај, рефинансирачкиот кредит би имал подобри услови, односно пониска каматна стапка, подолг рок на отплата или пониски месечни рати. Ваквиот тип на кредит најчесто се користи за рефинансирање хипотекарни и потрошувачки кредити, а во некои случаи и за затварање на кредитни картички.
Предности на Кредитот за Рефинансирање
- Пониски каматни стапки – една од најголемите предности и причини за рефинансирање е точно пониската каматна стапка. Оваа карактеристика на рефинансирачките кредити може значително да ги намали вкупните трошоци на кредитот.
- Подолг период на отплата – со рефинансирањето може да се продолжи рокот на отплата, што доведува до пониски месечни рати. Самото тоа, доведува до можност за подобро управување со личниот буџет.
- Консолидација на долгови – во случај кога има постоечки кредити или кредитни картички со високи каматни стапки, со рефинансирачкиот кредит може да ги консолидирате во еден кредит. Тоа го поедноставува управувањето со обврските со тоа што ги намалува трошоците.
- Подобри услови за отплата – рефинансирачкиот кредит често доаѓа со поповолни услови, како на пример фиксна каматна стапка и можност за предвремена отплата без камати.
Кој Може да Аплицира?
- Лица со стабилни приходи – Еден од главните услови за аплицирање за кредит за рефинансирање е стабилниот приход. Со тоа, кредитодавателот се осигура дека имате редовни примања кои ќе ви овозможат редовно плаќање на новите рати.
- Лица со добра кредитна историја – Како и кај другите кредити од поголема вредност, така и кај кредитите за рефинансирање важно е да се има добра кредитна историја, односно висок кредитен рејтинг. Кога аплицирате за кредит за рефинансирање, кредитодавателот ја проценува вашата кредитоспособност и врз основ на тоа одлучува дали ќе го одбери или отфрли барањето за кредит.
- Постоечки лица – Тука спаѓаат лицата кои веќе имаат кредит, но сакаат да ги подобрат условите на отплата и да ја намалат каматата, со цел да ги консолидираат своите обврски на начин кој повеќе одговара на нивните финансиски можности.
Процес на Аплицирање
Првиот чекор од процесот на аплицирање се состои од процена на вашата моментална финансиска состојба. Што сакате да постигнете со рефинансирачкиот кредит и како истиот може да ја подобри вашата финансиска состојба? Направете добра процена и одредете дали ваквиот кредит е вистинската опција за вас.
Следно, истражете го пазарот на понуди и разгледајте ги понудите на различни банки и трговски друштва. Споредувајте камати и рокови на отплата користејќи кредитен калкулатор и одберете ја најдобрата понуда која соодветствува со вашите финансиски способности.
Откако ќе го направите вистинскиот избор, следува процесот на поднесување апликација за рефинансирачки кредит. Овој чекор вклучува пополнување на формулар и доставување на потребните документи.
Со доставувањето на апликацијата за кредит за рефинансирање, следува чекор каде кредитодавателот прави проценка на доставените документи и кредитоспособност на апликантот, и со тоа одлучува дали вашата апликација ќе биде одобрена или не. Во случај да немате добра кредитна историја или да не се квалификувате за рефинансирачки кредит поради која било друга причина, кредитобарателот може да ви понуди да приклучите гарант, односно жирант. Вклучувањето на трето лице во овој процес може да ги зголеми шансите за одобрување на кредитот.
Финално, доколку кредитодавателот ви го одобри барањето за кредит, следува склучување на договор за заем и распределба на средствата. Со овој кредит се затвораат веќе постоечките кредити и започнува отплатата на новиот кредит кој има подобри услови во поглед на каматната стапка и роковите на отплата.
Контакт Информации и Следни Чекори
Доколку сте заинтересирани за процесот на аплицирање и добивање рефинансирачки кредит, посетете некоја од нашите филијали ширум земјата или контактирајте не на некој од телефонските броеви.
Нашите агенти ќе се потрудат да дадат одговор на секое Ваше прашање и ќе ви помогнат во изборот на кредит кој ќе соодветствува со вашите потреби и можности.