Брзите кредити се идеално решение за непредвидени трошоци, но истите носат последици доколку не се отплатат навреме. Ефектите од ненавремено плаќање може да се одразат на фашата моментална финансиска состојба како и на целокупната кредитна историја. Затоа, ќе разгледаме како брзите кредити влијаат на вашата кредитна историја и како да се справите со негативниот ефект.
Пред да објасниме како повеќето итни брзи кредити влијаат на кредитниот рејтинг, би било добро да зборуваме за тоа што е кредитна историја и рејтинг, што вклучува кредитниот извештај и како различни ефекти влијаат врз истите.
Кредитната историја е запис за вашата финансиска активност поврзана со земање и враќање на кредити. Таа ги опфаќа сите информации за вашите кредити, кредитни картички и други форми на задолжување, како и вашето однесување со овие задолжувања. Подетално, кредитната историја евидентира:
Кредитниот рејтинг претставува бројчана вредност која ја одразува вашата кредитна способност. Истиот се занова на податоците од вашата кредитна историја.
Кредитниот рејтинг се пресметува со алгоритми и модели наменети за калкулација на кредитен рејтинг. Бројчаната вредност на рејтингот се движи во опсег од 300 до 850. Повисока вредност соодвестува со повисок кредитен рејтинг, и обратно.
Подетално, на кредитниот рејтинг влијаат:
Кредитниот извештај е документ кој ја сумира вашата кредитна историја. Го издаваат кредитни бироа или агенции и содржи информации кои им помагаат на кредиторите да ја оценат вашата кредитоспособност.
Кредитниот извештај содржи лични информации на корисникот, неговите кредитни сметки, историја на плаќања, записи за долгови во наплата, кредитни проверки и записи за јавни пресуди.
Влијанието на брзите кредити може да биде позитивно и негативно, но и долгорочно и краткорочно. Во зависност од тоа како се справувате со кредитот и роковите на отплата, ефектот на подигнатиот кредит ќе биде различен.
Исто како и земањето на кредит од банка, и брзите кредити може да имаат ефект врз вашиот кредитен рејтинг. Без разлика на износот кој сте го позајмиле или причината за кое ви треба финансирање, навременото плаќање би дало позитивен ефект, додека доцнењето и неплаќањето би се одразило негативно врз вашиот рејтинг.
Во продолжение ќе ги разгледаме сите ефекти од брзите кредити подетално.
Навременото плаќање и разновидноста на кредитните производи носат позитивен ефект врз вашата кредитна историја и рејтинг. Исто како и со традиционалните кредити, и брзите кредити се евидентираат во вашиот финансиски извештај.
Секоја навремена трансакција е забележана како позитивен чекор и води кон зголемување на вашиот кредитен рејтинг. Исто така, користењето на разновидни кредитни производи може да се покаже како успешно управување со различни видови долгови, што е позитивен фактор кој кредиторите го земаат предвид.
Од друга страна пак, ненавремено плаќање, пропуштање рати, или неплаќање на ратите можи да го намали вашиот рејтинг. Честото аплицирање за кредити и високиот процент на искористеност на кредитите носат исто така негативен ефект на вашата кредитна историја.
Ако аплицирате за брзи кредити во многу краток временски период се смета дека се соочувате со голема финансиска нестабилност. Многу задолжувања преку брзи кредити споредено со вашиот кредитен капацитет го зголемува вашиот коефициент на задолженост. Презадолжените лица се сметаат за категорија од висок ризик и може да се соочат со потешкотии при аплицирање и добивање на кредити во иднина.
Знаејќи како брзите кредити влијаат на вашата кредитна историја може да ви помогне при организирањето на вашите финансии. Исто така, имајќи предвид кои дејствија влијаат позитивно а кои негативно на кредитниот извештај, ќе ви помогнат да обезбедите стабилна финансиска иднина и висок кредитен рејтинг.