Групациски кредит без камата е практично кредитно решение кое Mint Credit го нуди за клиентите кои склучуваат осигурителна полиса преку Mint Ins осигурителен брокер. Групацискиот кредит од Mint Credit претставува идеално решение за сите кои сакаат финансиска флексибилност
Овој вид финансирање Ви нуди можност да избегнете еднократни високи трошоци и да ги распоредите обврските на повеќе рати, и тоа без никакви камати.
Групацискиот кредит претставува безкаматен потрошувачки кредит до 40.000 МКД со можност за отплата од 2 до 12 месеци, дизајниран да ги покрие трошоците поврзани со Вашето возило.
Овој кредит е достапен само за клиенти кои преку Mint Ins осигурителен брокер склучуваат полиса за автоодговорност, зелен картон или сакаат да извршат технички преглед на своето возило.
Со групациски кредит без камата, веднаш добивате услуга, а сумата ја отплаќате подоцна, на начин кој одговара на Вашиот месечен буџет.
Процедурата за добивање групациски кредит е едноставна и брза. Еве како функционира:
Најголемата предност на групациски кредит е тоа што нема камата. Кредитот што ќе го земете – го враќате во целост, без дополнителни трошоци. Вие добивате финансиска поддршка без да платите повеќе од реалната вредност на услугата.
Изберете сами колку месечни рати Ви одговараат – 2, 6, 9 или 12. Групациски кредит Ви дозволува да ја приспособите отплатата според Вашиот месечен приход, што ја прави оваа опција идеална за секојдневна употреба.
Нема потреба да губите време со банки или кредитни агенции. Апликацијата за групациски кредит без камата се прави директно на лицето место, при склучувањето на осигурителната полиса или техничкиот преглед. Одговор добивате веднаш.
Групациски кредит од Mint Credit е поврзан со услугите на Mint Ins осигурителен боркер што значи дека сè што Ви треба – финансирање и осигурување – го добивате на едно место. Тоа значи помалку обиколки, помалку формалности и побрзо завршување на Вашите обврски.
Mint Credit работи транспарентно, со јасни услови, без скриени надоместоци. Вашиот групациски кредит без камата е договорен однапред и знаете точно што добивате и што враќате.
Mint Credit групациски кредит е достапен за сите граѓани на Р.С. Македонија кои:
Безкаматниот групациски кредит е посбено корисен во следниве ситуации:
Mint Credit е финансиска компанија која работи со една цел – да понуди практични, брзи и фер кредитни решенија за македонските граѓани. Нашиот групациски кредит е дел од нашата мисија да Ви понудиме алтернатива на класичното задолжување, без високи камати и без комплицирани услови.
Mint Credit Ви овозможува практично, брзо и сигурно финансирање, комбинирано со услугите на Mint Ins. Со овој тип кредит, добивате можност веднаш да го користите осигурувањето, додека плаќањето го вршите подоцна – на рати и без камата. Одберете групациски кредит без камата од Mint Credit, за максимална доверба .
Доколку сакате дополнителни информации, слободно контактирајте нѐ преку нашата веб-страница, телефон: 15 107, или посетете некоја од нашите филијали ширум државата.