Иако знаеме дека брзите кредити се најчесто наменети за вработени лица и лица кои имаат постојани приходи, сепак самовработувањето бара посебни услови при аплицирање за брз кредит. Дали самовработените лица можат да аплицираат за брз кредит и кои услови треба да ги исполнуваат?
Во продолжение, ќе ги разгледаме начините и типовите на кредити наменети за овие лица, како и предизвиците со кои истите може да се соочат при аплицирање и користење на брзи кредити.
Накратко, да — самовработени лица може да аплицираат за брз кредит. Кога станува збор за аплицирање за кредит, кредитодавателите најчесто бараат од кредитобарателот да биде лице со редовни приходи, без разлика дали од редовен работен однос или други извори.
Во секој случај, секое финансиско друштво или банка, има посебни услови кога се работи за давање на брзи кредити, па затоа многумина би се запрашале дали мора да бидете вработени за да подигнете брз кредит.
Самовработените лица се смеетат за вработени лица кои се приматели на редовни приходи. Но, бидејќи се работи за иматели на сопствен бизнис, веројатноста од варијација во висината на приходи е голема. Ова е една од причините заради кои оваа категорија на лица има потреба од посебни услови при аплицирање за кредит.
Зависно од банката или финансиското друштво, условите за аплицирање за брз кредит за самовработени лица може да варираат. Но, генерално, самовработеното лице мора да приложи повеќе документи во процесот на аплицирање за кредит споредено со физички лица кои се вработени.
Еден од условите за одобрување брз кредит за самовработени лица е доказ за период на самовработување. Тоа значи дека, апликантот мора да биде самовработен најмалку 6 месеци до 2 години за да може да аплицира за кредит. Со ова, давателите на кредит се осигуруваат дека лицето има стабилни и одржливи приходи од работата со сопствен бизнис.
Втор услов може да биде приложување на колатерал, односно гаранција за кредит. Зависно од висината на кредит која лицето ја побарува, кредитодавателот може да побара давање на имот како гаранција дека кредитот ќе биде навремено и во целост исплатен. Во одредени случаеви, наместо колатерал, може да биде побаран и ко-апликант, односно жирант со стабилни приходи за дополнителна сигурност.
Покрај документацијата за доказ на периодот на самовработување, апликантот треба да приложи и даночни пријави, финансиски извештаи и банкарски изводи од последните неколку месеци за да се потврди паричниот тек и редовноста на приходите.
Како главни предизвици со кои е веројатно да се сретнат самовработените лица при аплицирање за кредит се нестабилноста на приходите и построгите критериуми за одобрување на кредит.
Споредено со вработените лица кои добиваат редовна плата, приходите на самовработените лица варираат месечно. Оваа нестабилност може да го зголеми ризикот кај давателот на кредит и да го отежне процесот на одобрување на кредит. Самото тоа, доведува до построги критериуми за одобрување што вклучуваат пообемна документација и повисоки каматни стапки.
Како предизвик, би го споменале и барањето на дополнителна гарнација, односно обезбедување на кредит или поставување жирант. Давањето на недвижен имот како гаранција може да представува тежок услов за барателот особено ако лицето нема доволно имот и средства во своја лична сопственост.
Кога станува збор за тоа дали самовработените лица можат да аплицираат за брз кредит или не, одговорот би бил потврден, но сепак, има многу додатни услови и критериуми кои треба да се исполнат. Повеќето финансиски друштва и банки би одобриле заем, но времетраењето на аплицирање за кредит за самовработени лица би бил нешто подолг од вообичаено.
Се надеваме дека овaa статија Ви даде одговор на тоа кои лица можат да аплицираат за брз кредит и дали самовработените лица се дел од нив!