Брзите кредити се лесни решенија за многумина, но постојат одредени услови и категории на корисници кои може да добијат брз кредит. Дали брзите кредити се достапни за студенти или пензионери? Кои услови треба да се исполнуваат за да едно лице може да аплицира и добие ваков кредит?
Во продолжение, ќе дадеме детален опис на критериумите и објасниме зошто одредени категории може или не може да земат брз кредит.
Брзите кредити се достапни за различни групи на луѓе, вклучувајќи и пензионери и ситуденти како категорија на невработени лица. Но, еден од главните услови за одобрување ваков тип на кредит е имањето на редовни месечни примања. Па, така, студентите кои немаат редовни месечни примања може и да бидат одбиени при аплицирање за ваков кредит.
Пензионерите, од друга страна, се категорија на лица со стабилни примања во форма на пензија, па затоа, многу кредитодаваетели им одобруваат брзи кредити. Но, сепак постојат одредени ограничувања во однос на возраста и износот на пензијата на кредитобарателот.
Бидејќи двете категории подлежат под посебни услови за одобрување на кредит, да ги разгледаме ситуациите во кои студент или пензионер може да биде одбиен или ограничен за земање на кредит. Ајде да видиме кои се условите за добивање брз кредит за студенти и пензионери.
Во нашата земја, категориите на студенти кои може да добијат брзи кредити со поволни услови најчесто зависат од условите поставени од страна на финансиското друштво. Студентите кои имаат поголеми шанси да добијат брз кредит се најчесто:
Пензионерите кои примаат редовна пензија може да аплицираат и да очекуваат одобрување на кредит. Подетално, пензионерите може да имаат примања по основ:
Многу даватели на кредит поставуваат горна граница кога се работи за возраста на апликантите. Најчесто, за горна граница е земено 70 до 75 години, зависно од политиката на работа на финансиското друштво и индивидуалната состојба на кредитобарателот.
Кредитобарателите кои се на годишна возраст под горната граница на финансиските друштва се сметаат за помлади пензионери кои имаат стабилна здравствена состојба, па затоа имаат и поголеми шанси за да добијат кредит.
Покрај возраста, некои кредитодаватели моѓе да имаат и минимален износ на пензија како услов за одобрување на кредитот. Најчесто, минималниот износ е мегу 10,000 и 15,000 денари, но истиот може да варира зависно од условите и политиката на финансиското друштво.
Исто така, износот на кредитот што може да го добие пензионерот е ограничен во однос на висината на неговата пензија. На пример, кредиторот може да одобри кредит чија месечна рата не надминува одреден процент од месечната пензија, обично помеѓу 30% и 50%.
Се надеваме дека ги доловивме сите детали околу дилемата дали брзите кредити се достапни за студенти или пензионери покрај фактот што овие две категории се сметаат за невработени лица.
Иако постојат одредени услови и ограничувања, сепак брзите кредити се достапни и за студенти и за пензионери што имаат извор на редовни месечни примања, со што се осигура можноста за навремено враќање на позајмените средства.