Животот може да донесе неочекувани финансиски предизвици, дури и кога не сте во редовен работен однос. За многумина, пристапот до дополнителни средства е единствено решение за справување со итни ситуации, без разлика дали станува збор за покривање на дневни трошоци, здравствени потреби или други финансиски обврски.
Затоа, нашите брзи кредити за невработени лица се тука за да овозможат едноставно и брзо решение за лицата кои немаат постојан извор на приходи, но имаат алтернативни или привремени приходи. Овој вид на кредит нуди достапност, флексибилни услови и минимална документација, правејќи го идеален избор за секој кој бара финансиска помош без комплицирани процедури.
Што се брзи кредити за невработени?
Под брзи кредити за невработени се подразбира финансиски производ, односно кредит кој се одобрува без договор за работа. Овој тип на кредит е наменет за лица кои не се во редовен работен однос, но имаат потреба од дополнителни финансиски средства во итни ситуации.
Овие кредити се за лица кои имаат алтернативни или повремени извори на приходи, како што се хонорарна работа, примање рента, социјална помош или повремени заработки од сезонска работа и проекти.
Кој може да аплицира?
Во оваа категорија на лица ги вбројуваме сите полнолетни граѓани кои поседуваат важечка документација за лична идентификација и доказ за примање на било каков тип финансии врз основ на:
- Хонорарна работа
- Примање социјална помош
- Приходи од рента за издавање на движен или недвижен имот
- Договори за привремена работа или учество во платени проектни активности
Предности на брзите кредити за невработени
- Брзо одобрување – Апликациите се процесираат за кратко време, овозможувајќи ви да ги добиете потребните финансиски средства токму кога ви се најпотребни.
- Минимална документација – Со оглед на тоа што се работи за тип на кредит со лична карта, не се бараат сложени административни процедури, туку само основна документација, што го прави процесот полесен и подостапен за корисниците.
- Флексибилни услови за отплата – Можност за прилагодени рокови за отплата во согласност со вашите финансиски можности.
- Пристапност – Можност за аплицирање онлајн со што се заштедува време и ги олеснува процедурите.
Процес на аплицирање
Процесот на аплицирање за брзи кредити за невработени е едноставен и лесно достапен за секого. Чекорите за аплицирање за овој тип на кредит вклучуваат:
- Пополнување на кратка апликација – Аплицирањето започнува со едноставна форма, која може да се пополни онлајн или лично во некоја од нашите филијали, со внесување на основни податоци како име, презиме, контакт информации и износот на кредитот што го барате.
- Доставување на потребните документи – Важечка лична карта или пасош, доказ за било каков извор на приход (на пример, потврда за хонорарна работа, примање на социјална помош или други приходи) и банкарска сметка каде ќе се исплатат средствата.
- Проверка на информациите – Нашите кредитни референти ќе ги прегледаат вашите поднесени информации и ќе извршат основна проверка на податоците.
- Одобрување на кредитот – Доколку поднесените податоци се во ред, се преминува на процесот на одобрување кој е брз и обично завршува во рок од неколку часа или еден работен ден. Доколку барањето е одбиено по било кој основ, поднесителот ќе биде известен за истото.
- Исплата на средствата – Откако ќе биде одобрен кредитот, средствата се префрлаат директно на вашата банкарска сметка, најчесто во истиот ден.
Контакт информации и следни чекори
Доколку сте заинтересирани за подетални информации околу условите за подигнување, исплата и користење на кредити за невработени, посетете не во некоја од нашите филијали низ Македонија. Исто така, можете да не контактирате на некој од броевите на филијалите или контакт телефонскиот број 15 107.
Ве очекуваме!